Thursday, December 5, 2013

Еминем, вистинското име Маршал Брус Метерс (познат и под називот Слим Шејди),роден на 17 октомври 1972 година во Сент Џезеф,Мисури.како син единец на Дебора Нелсон Метерс-Бригс и Маршал Брус Метерс Јуниор. Има корени кои водат од Англија и Германија. Неговиот татко го напуштил семејството кога Еминем имал 18 месеци,па затоа бил израснат од неговата мајка во голема сиромаштија. Се до неговата 12-та година немал постојано место на живеење,бидејќи често се преселувал низ различни градови во Мисури,се до неговото конечно доаѓањее Ворен,населбата во Детроид. Откако го слушнал албумот Licensed to lll на Бисти Бојс како тинејџер,Маршал почна да се интересира за рап музиката.На возраст од 14 години под пвсендонимот M&M,почнал аматерски да пишува стихови. Се приклучил на групата Bassmint Productions и ја направиле нивната прва касета Steppin' Onto The Scene. Групата подоцна го сменила името во Soul Itent и по тоа име го објавиле првиот сингл "Fuckin' Backstabber" . Иако посетувал средно училиште често учествувал на freestyle битките во источен Детроид. И покрај првичниот неуспех да се наметне во оваа доминантно афро-американска музика,полека почнал да го привлекува вниманието на андерграунд публиката. Двапати повторувал 1-ва година средно поради бројните отсуства и слаби оценки. Срдното училиште го напуштил на 17 годишна возраст. Во 1991 година неговиот чичко Роналд "Рони" Нелсон извршил самоубиство пукајќи си во глава. Маршал бил многу близок со него и бил запрепастен од семејната трагедија. Во негова чест на левата рака истетовирал"Рони,почивај во мир".Неговата смрт ја спомнува во песните "Stan" и "Cleanin' Out My Close".


Маршал Метерс е еден од најконтроверзните музички ликови во 21-от век. И професионалниот и неговиот приватен живот биле тема за која доста се говорело и шпекулирало.Тој е женет два пати за Кимберли Ен Скот,личноста која ја запознал за време на средношколските денови. Таа како тинејџер го напуштила сопствениот дом заедно со сестраси Доун и двете се преселиле кај Маршаловата мајка. Со Еминем започнале врска во 1989 година,а се венчале 1999 година. Поради проблемите со алхохол се развела од Еминем во 2000 година но повторно стапиле во брак во 2006 година. Се развеле во декември истата година со обострана согласност да го делат старателството над нивната единствена биолошка ќерка Хејли Џејд. Хејли е споменувана во голем број од песните на Еминем поточно во "Haile's Song", "Mockingbird" и "When I'm Gone". Во 2010 година повторно почнаа да кружат гласини околу евентуалното обединување на Маршал со Ким но тиа брзо беа демантирани од страна на Еминем. Освен Хејли,Еминем е правен старител и врз Лејни ќерката на сестрата на Ким,како и на Витни,која е ќерна на Ким од предходниот нејзин брак.
Дискографија
Infinite (1996)                                                                  Devil's Night (2001)
The Slim Shady LP (1999)                                               8 Mile Soundtrack (2003)
The Marshall Mathers LP (2000)                                      D12 World (2004)
The Eminem Show (2002)                                                Eminem Present: The Re-Up (2006)
Encore (2004)                                                                  Hell: TheSequel (2011)
Cutrain calls: The Hits (2005)
Relapse (2009)
Recovery (2010)

Филмографија
Da Hip-Hop Witch (2000)
The Wash (2001)
8 Mile (2002)
Have Gun - Will Travel (2007)
Funny People (2009)






No comments:

Post a Comment